Во Собранието денеска интерпелација за Јанкулоска

На дневен ред во Собранието на РМ денеска ќе се најде прашањето за интерпелацијата за работата на минстерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Интерпелацијата ја покрена опозициската НСДП на Тито Петковски во врска со случајот „Кампања“ и следењето на комуникациите на Љубе Бошкоски. На барањето за интерпелација се потпишани сите пратеници од опозицијата. Јанкулоска посочи дека на Тито Петковски му било понудено да се сретне со било кој претставник на Министерството за внатрешни работи, а Петковски, пак,наведе дека отворената покана на министерката важела за се`, освен за случајот кој ја интересира опозицијата.