Арапската лига бара ОН да испратат повеќе набљудувачи во Сирија

Арапската лига побара од Обединетите нации да испратат поголем број набљудувачи во Сирија, за да се спречи крвопролевањето во таа земја. Арапската лига исто така им даде поддршка на опозициските барања за смена на претседателот на Сирија Башар Ал Асад и ги повика претставниците на опозицијата да се обединат.
Сирија ги оцени барањата на Арапската лига како непријателски акт насочен против стабилноста на таа земја.