Грчкиот парламент дебатира за планот за штедење

Грчкиот парламент ја започна денешната дебата по која ќе се гласа дали ќе биде прифатена помошта од 130 милијарди евра од ЕУ. Грчкиот премиер Лукас Пападемос нагласувајќи ја важноста за усвојувањето на мерките вчера се појави на националната телевизија. Тој изјави дека доколку се случи спротивното во земјата ќе настане хаос и социјални немири.
Новите мерки за штедење во Грција предизвикаа масовни протести во изминатите денови.