Турските сили нападнаа позиции на Курдската работничка партија

Генералштабот на Вооружените сили на Турција соопшти денеска дека авиони-ловци на турското Воено водухопловство извршиле напади врз позиции на терористичката Курдска работничка партија во северниот дел на Ирак.
Цели на нападите биле засолништа и пештери на „сепаратистичките терористи“ во реоните Зап и Хакурк. Нема информации за нанесени штети или жртви.
Борбите меѓу турските сили и Курдската работничка партија ескалираа во последните месеци.