Бесими на средба со преставникот на НАТО во Македонија

Mинистерот за одбрана Фатмир Бесими

Mинистерот за одбрана Фатмир Бесими денеска ќе се сретне со преставникот на НАТО во Македонија полковник Јордан Јорданов и со преставниците на Синдикатот на вработените во одбраната и безбедноста.
Министерството за одбрана соопшти дека тема на средбата ќе биде законското решавање на статусот на професионалните војници во македонската армија за што ресорното Министерство ќе предложи законско решение.