Состанок на Арапската лига за немирите во Сирија

Телата на жртвите во Алепо

Министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска ќе се сретнат во Каиро да разговарат за решавање на ситуацијата во Сирија. Средбата на министрите е поради зголемувањето на немирите во Сирија, кои во петокот го зафатија и Либан. Сириските државни новински агенции вчера јавија дека бил застрелан бригадирниот генерал Иса ал Хавли.
При самоубиствени напади со автомобил бомба пред два дена загинаа 28 лица, а 235 беа повредени во Алепо. Ирачкиот заменик министер за вантерешни работи Аднан ај Асади предупреди сека џидахидистите од неговата земја отишле во Сирија за да се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.