Краен рок за усвојување на планот за штедење во грчкиот Парламент

Протестите во Грција против мерките за штедење

Грчкиот парламент мора до крајот на денот да ги усвои новите мерки за штедење за да ги добие 130 милијарди евра од ЕУ за да се справи со должничката криза на земјата.
Грчкиот премиер Лукас Пападемос нагласувајќи ја важноста за усвојувањето на мерките вчера се појави на националната телевизија. Тој изјави дека доколку се случи спротивното во земјата ќе настане хаос и социјални немири.