На Косово лавина затрупа три лица

Во силна лавина која зафати 12 куќи засега се најдени тројца мртви лица во селото Рестелица, кое се наоѓа на тромеѓето со Албанија и Македонија. Министерството за инфраструктура на Косово вечерва соопшти дека осум лица кои исто така биле затрупани се живи.Припадници на безбедносните сили на КФОР, специјалните единици на полицијата и локални доброволци се обидуваат да дојдат до затрупаните. Повеќето од куќите кои биле зафатени од лавината биле празни.