Русија-на американците да им се забрани да усвојуваат руски деца

Павел Астакхов- Омдусман за права на децата во Русија

Руското министерство за надворешни работи побара денеска од владата да им забрани на американците да усвојуваат деца од Русија,по повеќето злосторства што наводно ги извршиле државјаните на САД кои усвоиле руски деца.Руските власти наведуваат дека најмалку 17 посвоени руски деца умреле поради насилство во семејствата во САД.Министерството соопшти дека усвојувањето повторно треба да се дозволи дури кога ќе биде потпишан договор со кој на руски набљудувачи ќе им се дозволи да ги посетуваат домовите на усвоени деца.