Багдад-Од Ирак се криумчари оружје во Сирија

Ирачкото министерство за внатрешни работи соопшти дека од Ирак се криумчари оружје во Сирија,наменето за битка против сирискиотпретседател Башар Ал Асад.Министерот Аднан Ал Асади изјави дека имаат разузнавачки информации дека исто така вооружени лица се движат од Ирак кон Сирија.Тој кажа дека цената на калашников се зголемила од 100 и 200 долари до 1500 долари, поради илегалната трговија на оружје.