Во гостиварско над илјада жители отсечени поради снегот

Шест села со околу 1.500 жители во подножјето на Шар Планина се отсечени поради непроодни патишта од обилните снежни врнежи.Од општина Врапчиште, на чија територија се овие населени места велат дека не се во можност да ги пробијат патиштата од снегот кој во овој регион достигнува скоро еден метар.Од синоќа, непроодни се патиштата до селата Горјане, Пожаране, Ѓурѓевиште, Врањовце и Калишта.