Дунав замрзна во Бугарија

Дунав целосно замрзна во близина на бугарското приштаните Силистра, што е за прв пат во изминативе 20 години, јавуваат агенциите, додавајќи дека станува збор за замрзната површина на реката во должина од 11 километри. Сета пловидба на Дунав во Бугарија е забранета од средата. Бугарија нема мразокршач кој би дејствувал на Дунав.