ОН: предлози за дирeктна акција во Сирија

Советниците на генералниот секретар на ОН Бан ки Мун за превенција на геноцид и за одговорност за заштита Френсис Денг и Едвард Лак бараат непосредна акција за да се стави крај на насилството во Сирија. Тие во заедничкото соопштение предупредуваат од зголемување на злосторствата против човештвото во таа земја. Исто така се посочува дека поделеноста во Советот за безбедност околу резолуцијата за Сирија, не е оправдување да не се преземе акција за спречување на натамошните насилства.