Газпром доби нова лиценца за експлоатација

Седиштето на Газпром во Москва

Руската влада и даде лиценца за развој и експлоатација на западниот дел на наоѓалиштето на гас Штокман кое се наоѓа на Баренцово море, северно од Поларниот круг. За оваа зделка претходно не беше распишан тендер. Се тврди дека овој предел има над 4 трилиони кубни метри природен гас. Во почетокот беше предвидено гасот од таму да биде наменет за Соединетите држави, но сега Москва инсистира преку Северниот тек тој да биде наменет за Европа. Руската влада поседува над 50 насто од акциите на Газпром.