Давутоглу: руското вето околу Сирија, грешка

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Русија направила грешка со тоа што стави вето на резолуцијата со која се поддржува планот на Арапската лига кој предвидува сирискиот претседател Башар ал Асад да ја напушти власта. Тој повтори дека Турција се противи на странска интервенција во Сирија, но оти одлуката на Асад да се бори против сопствениот народ не и остава избор на Анкара освен поддршка на сиријците.,,Сакаме Асад да биде како Горбачов, но тој одбра да биде како Милошевиќ,, изјави Давутоглу во Вашингтон.