Холандија дозволи веб страница против источноевропејци

Холандската влада одби да забрани интернет страница на која десничарската Партија на слободата на Герт Вилдерс ги повикува холанѓаните да постираат жалби против имигрантите од Источна Европа. Тие посебно можат да се жалат во случај доколку ја загубиле работата поради некој граѓанин например на Полска или Бугарија. Холандската влада не ја забрани страницата и покрај апелите од Европската комисија да не дозволи ваков вид нетолеранција. Партијата на Вилдерс е клучен коалиционен парламентарен партнер во владејачката демохристијанска коалиција.