Саудијскиот крал Абдула со критики до Русија и Кина

Саудијскиот крал Абдула во денешното интервју на државната телевизија, ги критикуваше Русија и Кина за ветото во Советот за безбедност на Обединетите Нации на резолуцијата за запирање на насилствата во Сирија. Тој оцени дека со тоа е нарушен кредибилитетот на Обединетите Нации. Претходно, рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рибков изјави дека Русија ќе блокира секаква резолуција кој би водела кон странска интервенција во Сирија.