Во Шпанија уапсен обвинет за убиството на Ѓинѓиќ

Полицијата во Шпанија соопшти дека го уапсила Владимир Милисављевиќ, кој е осуден за учество во убиството на поранешниот премир на Србија Зоран Ѓинѓиќ. Милисављевиќ бил уапсен во еден ресторан во Севиља, заедно со уште двајца српски криминалци. Тој е осуден во Србија на 40 години затвор, но е во бегство од 2007-ма година.