Ставревски: македонската економија има подобри остварувања од грчката

Македонската економија во последниве пет години имаше многу подобри остварувања отколку грчката економија и гледано во иднина таа и во следните пет години ќе биде подобра, односно ќе биде многу постабилна и ќе има економски раст за разлика од Грција која уште неколку години ќе има економски пад каков што имаше во изминативе пет години, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Според него, има добри шанси еден дел од грчките компании кои го губат бизнисот таму или немаат добри услови за работа да го префрлат својот бизнис посебно во пограничните градови во Македонија како што се Битола, Гевгелија, Валандово, Струмица.