Министерот Никола Попоски во посета на Летонија

Никола Попоски

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска е во посета на Летонија. Како што е соопштено тој ќе се сретне со својот колега Едгар Ринкевич. Тема на разговорите ќе бидат перспективите на македонските евроинтеграции.
На оваа посета претходеше посетата во Естонија каде беше нагласена потребата од споделување на искуствата на Естонија во европските и евроатлaнтските интегративни процеси како успешен пример за целосна интеграција.