Налог за апсење на поранешниот претседател на Малдиви

Малдиви

Судот во Малдиви издаде налог за апсење на поранешниот претседател Мохамед Нашид. Полицијата одби да ги открие причините за налогот и не соопшти кога планира да го уапси Нашид, кој живее во неговиот дом во главниот град Мале, опкружен со илјадници негови приврзаници.
Нашид во вторникот соопшти дека дава отказ од функцијата за подоцна да тврди дека бил принуден на таквиот чекор од полицијата и војската.