Српските власти ќе го ревидираат буџетот за 2012

Српските власти соопштија дека мора да го ревидираат буџетот за 2012 година за да ја добијат првата рата од заемот од ММФ, кој изнесува милијарда и 100 милиони евра. Фондот ја блокираше првата транша од 190 милиони евра, бидејќи српскиот премиер Мирко Цветковиќ одби да направи отстапки.
Српските власти сметаат дека промените со кои се предвидува гаранција за заемите на државните компании не претставувата трошок, за разлика од ММФ која го тврди спротивното.