Замрзна Дунав

Блокирани бродовите на реката Дунав во Србија

Голем дел од течението на реката Дунав замрзна, поради ниските температури кои ја погодија Европа. Реката која е долга 2800 километри и се протега низ 9 држави вчера беше целосно или делумно блокирана од Австрија до Црното море.
Околу 600 бродови кои се наоѓаат на Дунав во Србија се блокирани. Во Романија реката целосно била замрзната. Србија и Романија изразија загриженост дека Дунав ќе им предизвика проблеми на хидроцентралите во производството на струја