Груевски скептичен за исходот од посетата на Нимиц

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека е добро што медијаторот Метју Нимиц ќе ги посети Македонија и Грција, но останува да се види дали средбите и разговорите во Атина ќе имаат некаква суштина.
Според него, показател дека грчката страна нема интерес за решавање на проблемот со името е тоа што премиерот се уште не добил одговор на писмото, кое го упати до неговиот колега Лукас Пападимос. Груевски по отворањето на сала за бокс во спортскиот центар Борис Трајковски додаде дека владата и натаму ќе се бори за решавање на спорот и за остварување на евроатланска интеграција на Македонија.