Германија протера четворица сириски дипломати

Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле

Германските власти протераа четворица сириски дипломати кои биле поврзани со двајцата мажи обвинети за шпионажа на сириските опозициски групи во земјата. Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле ја потврди информацијата. Германската полиција во петокот уапси еден маж од сириска националност и еден кој имал германско и либиско државјанство. Тие се осомничени дека ја шпионирале опозицијата за сириската разузнавачка служба со години.