Нови протести во Грција поради мерките за штедење

Протестите во Грција

Нов 48-часовен штрајк организираат синдикатите во Грција, јавија грчките медиуми. Протестите во петок и сабота се поради договорот меѓу Грција и нејзините кредитори за наметнување на нови мерки за штедење, кои се еден од условите за одобрување на вториот пакет помош на земјата.
Големи протести се закажани и во недела на плоштадот Синтагма пред зградата на Парламентот. Денеска прокомунистичкиот синдикат ПАМЕ организира протести во неколку градови во земјата.