Украинскиот парламент ги одби предлозите со кои ќе биде ослободена Тимошенко

Украинскиот парламент ги одби два предлог-закони со кои ќе се осигураше слободата на поранешниот премиер Јулија Тимошенко, која беше осудена на 7 години затвор за злоупотреба на функцијата во октомври минатата година.
Приврзаниците на Тимошенко успеале да убедат само 155 пратеници да гласаат за предлозите за промена на законот со кои се укинува затворска казна за злоупотреба на функција.
За да се изгласаат промените потребно е мнозинство, односно најмалку 226 гласа.