Египет не се откажува од истрагата на странските невладини организации

Египетските власти соопштија дека нема да подлегнат на притисокот од евентуалната загуба на американската помош и нема да стават крај на истрагата на невладините организации кои добивале финансии од странство.
Четириесет и три активисти, меѓу кои 19 Американци ќе биде изведени пред суд за наводни нелегални активности во нивните организации. Меѓу нив се наоѓа и синот на американскиот секретар за транспорт Реј ла Худ.
САД се заканија дека ќе ја повлечат воената помош за Египет, која изнесува 3 милијарди и 100 милиони долари годишно.