Назарбаев потпиша договори од 3 милијарди евра во Германија

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев за време на неговата дводневна посета на Германија потпиша договори во износ од 3 милијарди евра. Германското министерство за економија и технологија соопшти дека околу 50 договори биле потпишани, но не прецизираше за што.
Посетата на Германија е прва посета на Назарбаев на некоја западна земја по судирите меѓу безбедносните сили и нафтените работници во западниот дел на земјата при што загинаа најмалку 16 луѓе во декември.