Најмалку 16 деца починале од студ во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 16 деца починале од студот во бегалските кампови надвор од главниот град во изминативе денови. Авганистанското министерство за јавно здравство соопшти дека испратиле медицински тимови во камповите за да се справат со нарушената здравствена состојба на лицата кои живеат таму.
Повеќе од 30 Авганистанци, најмногу од североисточните делови на земјата починаа поради големите наноси од снег и ниските температури.