Пает-Македонија подготвена за ЕУ и НАТО, проблем името

Естонскиот министер за надворешни работи, Урмас Пает

Естонскиот министер за надворешни работи Урмас Пает по денешната средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Талин изјави дека Македонија е подготвена за членство во НАТО и тоа може да се случи на самитот во Чикаго, ако се реши прашањето со името. Според него, ист е условот и за доделување датум за почеток на преговори во ЕУ со оглед на тоа дека Македонија доби препорака.
Попоски изјави дека сегашната ситуација во Грција не е охрабрувачка за решавање на спорот со името, бидејки фокусот е поставен на економските проблеми. Но според него, доколку Грција покаже енергија и посветеност ќе се реши проблемот.