Иран може било каде да ги нападне американските сили?

Припадници на иранската војска

Иранскиот амбасадор во Русија, Сајед Махмуд Реза Сајади изјави дека неговата земја е способна да ги нападне американските воени сили низ светот, доколку САД го нападнат Иран.
Руската агенција Интерфакс го цитираше амбасадорот кој рекол дека нападот врз Иран би бил самоубиствен за САД.
Американските власти не ја исклучуваат можноста за воена акција доколку Иран не го промени ставот за нуклеарната програма.