Франција и Британија скептични за иницијативата на Русија за Сирија

Анти-владините протести во Сирија

Франција и Британија изразија скептичност за напорите на Русија да биде медијатор во сириската криза. Францускиот министер за надворешни работи Алан Жупе изјави дека не верува во ветувањата на сирискиот режим и според него разговорите на претседателот Башар ал Асад со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров биле манипулација.
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека има малку верба во руската иницијатива. Асад по разговорите со Лавров во Дамаск вети дека ќе стави крај на насилството во земјата.