Пилај-потребна е итна меѓународна акција во Сирија

Шефот за човекови права на ОН, Нави Пилај

Шефот за човекови права на ОН, Нави Пилај повика на итна меѓународна акција за заштита на цивилите во Сирија, поради нападите на владините сили кои и натаму продолжуваат во градот Хомс, кој е центар на анти-владините протести. Според Пилај, неусвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН ги потикнала сириските сили да го масакрираат сопствениот народ со цел да го скршат отпорот.