Нокиа ќе отпушти 4000 работници

Финскиот гигант Нокиа објави дека ќе отпушти од работа 4 илјади работици, бидејки производството го сели во Азија.
Според Нокиа, ќе бидат отпуштени 2300 работници во компанијата во Комаром – Унгарија, 700 во Мексико и илјада во Финска.
Нокиа во 2011 имаше загуба од 1,2 милијарди евра, а во 2010 имаше добивка од 1,8 милијарди евра.