Во Кина родено бебе од 7 килограми

Дваесет и девет годишна жена во централна Кина роди машко дете тешко 7,04 килограми. Бебето го добило името Чун Чун.
Ова бебе е веројатно најголемо во Кина кое се родило по 1949.
Според Гинисовата книга на рекорди, пак најтешкото бебе од 10,8 килограми е родено во Охајо во 1879. Тоа умрело набрзо по раѓањето.