Попоски за ЕУ и НАТО - „Тропање на отворени врати“

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе отпатува во дводневна работна посета на Естонија.
За време на престојот, Попоски ќе се сретне со својот естонски колега Урмас Пает, министерот за одбрана Март Лар и претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи Марко Микелсон.
Главна тема на средбите ќе бидат билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, како и најновите случувања во регионот.
Министерот Попоски во Талин ќе одржи и предавање во естонското Министерство за надворешни работи на тема „Македонија на патот кон НАТО и ЕУ: Тропање на отворени врати