Републиканците во потрага по противкандидат на Обама

Мит Ромни

Членовите на Републиканската партија во САД во три држави гласаат за да изберат противкандидат на претседателот Барак Обама на изборите во ноември. Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусетс, се надева дека ќе ја зацврсти својата фаворитскапозиција. Но, Рик Санторум, поранешен сенатор од Пенсилванија, кој го победи Ромни во првиот круг на гласање во Ајова, се уште е во игра, бидејќи има подршка од гласачите во Мисури и во Минесота. Се уште нема резултатите од гласањето во Колорадо.