Средба Назарбаев- Меркел во Берлин

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев денеска во Берлин ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Назарбаев е во дводневна посета на Германија. Се очекува Назарбаев заедно со германските власти да потпише договори вредни 2 милијарди евра, соопштуваат од казахстанското министерство за надворешни работи.
Посетата на Германија е прва посета на Назарбаев на некоја западна земја по судирите меѓу безбедносните сили и нафтените работници во западниот дел на земјата при што загинаа најмалку 16 луѓе во декември. Владата на Назарбаев беше критикувана за апсење на активисти од опозицијата во врска со насилствата.