Калифорнија-забраната на истополни бракови, неуставна

Федералниот апелационен суд во Калифорнија донесе одлука дека забраната за склучување на истополни бракови е неуставна. Истополните бракови во Калифорнија беа накратко дозволени во 2008-та, кога судот ја поништи одлуката, усвојувајки ја „референцата 8“, односно дека бракот е дозволен само доколку е помеѓу маж и жена. Во 2010-та , судиите на основниот суд, заклучија дека со таа референца, се кршат граѓанските права на хомосексуалците, кои им се загарантирани со американскиот устав. А со одлуката на понискиот суд, сега се согласи и апалациониот суд. Но тоа не значи дека автоматски ќе биде дозволено склучување на истополни бракови, затоа што заговорниците на хетеросексуалните бракови најавија дека ќе ја обжалат одлуката до Врховниот суд.