Студот однесе три живота во Албанија

Три лица починале од студ во Албанија, објавија денеска медиуми во земјата. Поради обилниот снег и замрзнатите патишта и натаму се блокирани околу 40 општини, главно во северниот дел на Албанија. Додека пак училиштата во Корча и во другите реони на земјата се затворени.
Температурите во Албанија паднаа до минус 20 степени.