Штрајк на Ер Франс, многу летови откажани

И денеска во Париз и други регионални аеродроми се откажани десетици летови поради штрајкот на Ер Франс. Според компанијата, на денешниот втор ден од четири-дневниот штрајк, се откажани 50 отсто летовите за подалечните дестинации и 30 отсто од летовите на кратки релации. Синдикатот на Ер Франс го организира штрајкот поради подготовката на закон со кој им се ограничува правото на штрајк. Ер Франс ги советува своите клиенти да се воздржат од патувања до петок.