Русија: За златен медал во Лондон, 4 милиони рубљи

U.K. -- An aerial photo of the London 2012 Olympic Stadium to mark "1 year to go to the Olympic Games", London, 25Jul2011

Руската влада соопшти дека руските спортисти кои ќе освојат златен медал на престојните Олимписки игри во Лондон, ќе добијат по 4 милиони рубљи, односно 134.000 долари. Според Роскаја Газета, за сребрен медал премијата е 85,000 долари, а за бронзен, 57.000. Премиите се исти какви што им беа исплаќани на освојувачите на медали на Олимписките игри во Пекинг во 2008-ма година. Но, разни локални власти и корпорации во Русија нудат и екстра парични награди за руските спортисти со озвоени медали.