ОН: Нема сериозни здравствени последици од Фукушима

Силен земјотрес проследен со цунами бранови ја предизвикаа нукеларната хаварија во Фукушима

Здравствените последици од минатогодишната нуклеарна хаварија во јапонскиот град Фукушима се релативно мали, делумно поради брзата евакуација, заклучија од Обединетите нации. Волфганг Вајс од научниот комитет на ОН вели дека испуштањето на радиоактивни материи во океанот наместо во населените места придонело кон намалување на последиците по здравјето на жителите.