Најавен 24 часовен штрајк во Грција

од неодамнешните протести во Атина

Денеска во Грција се очекува прекин на железничкиот сообраќај и затворање на банките и училиштата поради најавениот 24 часовен штрајк. Синдикатите протестираат против барањата на Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за намалување на платите и пензиите, укинување на 13-та и 14-та плата во приватниот сектор и отпуштање од работа на државни службеници.