Снег, температури под нулата и појава на голомразица

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег. Метеролозите предупредуваат дека поради поинтензивни врнежи, во комбинација со ниски температури ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Снежната покривка на повеќе места ќе биде над 30 сантиметри. Утрово температурата се спушти под нулата на минус единаесет степени, додека во текот на денот температурите ќе се движат во интервалот од минус девет до минус два степени цензиусови.