Познати имињата на обвинетите активисти во Египет

Деветнаесет американски државјани и двајца Германци се меѓу обвинетите кои египетските власти сакаат да ги изведат пред суд за нелегални активности во нивните невладини организации. Еден од обвинетите е син на американскиот секретар за транспорт Реј ла Худ. Сем ла Худ и уште четворица Американци се наоѓаат во Египет, додека другите ја напуштиле земјата.
Обвинети се и двајца Срби, двајца Либанци, еден Норвежанец, Палестинец и Јорданец заедно со уште 14 државјани на Египет. Се уште не се знае кога ќе започне нивното судење.