Путин ќе победи во првиот круг на претседателските избори?

Рускиот премиер Владимир Путин

Потпаролот на рускиот премиер Владимир Путин, Дмитри Песков изјави дека големата посетеност на протестите за поддршка на Путин покажале дека тој ќе победи во првиот круг на претседателските избори.
Според властите околу 190 илјади луѓе присуствувале на протестите пред два дена во Москва за разлика од оние на опозицијата на кои имало околу 120 илјади лица.
Песков ги отфрли тврдењата дека некои од државните службеници добиле пари за да земат учество на протестите.