Отежнат собраќајот во Македонија поради големите врнежи од снег

Патничкиот, железничкиот и авионскиот сообраќај во Македонија е отежнат поради снегот, кој интензивно паѓа низ целата земја. Од АМСМ соопштија дека забрана за движење на тешки товарни возила е воведена на планискиот премин Стража, на преминот Дебар-Струга, кракот Маврово-Дебар и Тетово-Попова Шапка.
Според информациите од Меѓуградската автобуска станица и од Железничката станица во Скопје, автобусите и возовите сообраќаат според возниот ред, но со задоцнувања.
На скопскиот аеродром „Александар Велики“ попладнево откажани се планираните полетувања кон Виена и Истанбул. Накои авиони, како што стои на интернет страницата на аеродоромот, се пренасочени кон Софија и Истанбул.