Пакистанскиот премиер во Катар на разговори за состојбата во Авганистан

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Џилани

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Џилани е во тридневна посета на Катар, каде ќе разговара за можен мировен договор со кој ќе се стави крај на десетгодишната војна на талибанците во Авганистан.
Пакистанското министерството за надворешни работи за пакистанскиот сервис на Радио Слободна Европа соопшти дека премиерот ќе оствари серија на билатерални разговори на кои сообено ќе се разговара за состојбата во Авганистан.